Бесплатни елаборати за социјалците

29.06.2014 17:15

Измените на Законот за катастар предвидуваат лицата од социјално ранливите категории да бидат ослободени од трошоците во постапката на легализација на дивоградбите...

Околу 34.000 приматели на социјална и 5.000 приматели на парична помош, ќе ги добијат геодетските елаборати бесплатно. Измените на Законот за катастар предвидуваат лицата од социјално ранливите категории да бидат ослободени од трошоците во постапката на легализација на дивоградбите. Елаборатите ќе ги изработува Агенцијата за што ќе бидат ангажќирани постоечките 150 геодетски инженери и 250 геодетски техничари. Општините ќе имаат обврска да водат регистар за поднесените барања за легализација.

„Граѓаните приматели на социјална и постојана парична помош ќе треба да обезбедат потврда од центрите за социјална работа, а оние со ниски примања до 168.000 денари годишно, потврда од Управата за јавни приходи, а потоа можат во подрачните одделенија на Агенцијата за катастар на недвижности да поднесат барања за бесплатен елаборат за легализација“, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Катастарот почна со формирање Регистар на цените на недвижностите кој ќе содржи податоци за продажбите и закупот на недвижностите. Треба да профункционира во првата половина на 2015 година.

„Агенцијата ќе објавува квартални, полугодишни и годишни извештати и анализи за движењето на пазарот на недвижности. Бенефит од овој проект ќе имаат граѓаните, кои ќе можат да ја проверат цената на недвижноста пред да ја купат, придобивки ќе имаат и проценителите, банките, осигурителните компании, агенциите за недвижности и други субјекти“, нагласи Славе Трпевски, директор на Агенцијата за катастар.

Агенцијата за катстар информираше дека почна имплементацијата на проектот Електронски шалтер „24 часа катастар онлајн“, наменет за професионалните корисници кој ќе биде поврзан со сите нотарски канцеларии, приватните геодетски компании и општините. 

Дијана Ценевска