Битола

Топлотниот бран ги зголеми повиците во итната помош

12.06.2024 12:06

Битолската итна медицинска служба со полни раце работа. Топлотниот шок ги зголеми повиците за дури 15-сет посто. Повиците се по најразличен основ од колабирање на стари лица по јавните места, до повици на пациенти со психички растројства. Посовесните граѓани видливо уште во пораните претпладневни часови брзаат да ги завршат своите неодложни обврски...

Во зима студено во лето пеколно. Иако екстремните температурни осцилации за битолчани не се нешто ново, сепак оние со хронични заболувања и полабилна здравствена состојба се на удар на топлотниот шок. Се почести се сирените на возилата на итната медицинска служба.

Од итната медицинска служба велат повиците сè се почести, а веќе во здравствените билтени се евидентираат и посериозни здравствени проблеми.

Николовска вели дека е зголемен бројот на пациенти со мозочен удар, инфаркт, хронични опструктивни како и алергиски заболувања. Состојби на кои рамнодушно не гледаат посовесните граѓани.

Непочитувањето на препораките, може да доведе до катастрофални здравствени последици. Загрижува и податокот што последниве денови нагло е зголемен бројот на пациенти кои што имаат психички растројства и нонстоп се јавуваат во итната медицинска служба.

 

Стевче Митревски