Здравство

Високиот УВ индекс – причина за појава на рак на кожа

12.06.2024 12:27

Високите температури носат и висок УВ индекс на зрачење кој предизвикува појава на карцином на кожа. Тој во моментов е најизразен во југоистокот каде што дерамтолозите апелираат да се заштитат граѓаните а претежно и земјоделците кои работат на отворено бидејќи можни се трајни нарушување на кожата...

Високите температури носат и висок индекс на УВ зрачење кој предизвикува појава на карцином на кожа. Од таа причина овие денови граѓаните од југоистокот каде е прогласена портокалова фаза заради високите температури да избегнуваат директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот. Дерматолозите апелираат да се користат заштитни мерки но и да се носи лесна облека која ја покрива кожата.

Зголемен е бројот на граѓани од југоистокот кој страдаат од карцином на кожа. Меѓу нив се и земјоделците кои работата на отворено. Најдобри резултати во неговото лекување се постигнуваат при рана фаза на детекција.

Висок УВ индекс ќе има и во наредните денови за што останува апелот да се избегнува излегувањето на сонце во периодот од 11 до 17 часот. Граѓаните да користат заштитни креми, заштитни капи, но и лесна облека која ги покрива деловите од телото кои се изложени на сонце.

 

Ване Трајков