Ноќен репортер: Прилеп нуди забава за сите стилови и вкусови
Во пресрет на Пиво- фестот кој започнува на 17 јули, атмосферата во Прилеп веќе се загрева. Ноќните локали се преполни, а градот нуди завава буквално за сите стилови и вкусови. Од поп, рок, турбо фолк, па до виолини на уце за боемите....
Преполни барови, кафулиња и локали. Забава и музика буквално за сите вкусови. Ова е ноќниот живот на Прилеп.
„Забавата во Прилеп е одлична, топ, прекрасно е“, велат прилепчани кои се забавуваа во ноќните локали.
Скоро во секој локал има бенд со жива музика. Од поп, рок па се до турбо фолк.
Иако е 15-тина минути после полноќ, забавата како сега да започнува, ноќниот живот не стивнува и тој продолжува до раните утрински часови.
За боемите има и музика со виолина на увце.
„Музиката тука во кафеаната е одлична, има добра забава“, рече еден прилепчанец.
Од ноќниот живот восхитени и странците. И гостите кои ги има од повеќе градови.
„Прилеп е прекрасен град каде можеш да ги видиш сите стилови на музика и да уживаш еве во еден ваква забава“, вели една туристка од Италија.
„Во секој бар имате жива музика, тоа е навистина прекрасно“, вели друга туристка од Романија.
„Во Прилеп се журката е одлична се забавуваме топ“, вели една гостинка од Скопје.
„Забавата можам да кажам дека е феноменална“, рече друга гостинка од Скопје.
„Добро е вака навечер, а особено за викенди луѓето да ја потрошат негатовната енергија преку дружење, муабетење, забавување и по некое ладно пивце“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Но освен луѓе што се забавуваат има и такви и кои работат. Дел од нив се и пекарите.
„Воопшто не ми пречи да работам трета смена, веќе 10 години го работиме ова и се навикнавме“, рече еден пекар.
Има и такви иако е скоро два по полноќ сакаат да јадат топол леб.
„Си купив топол леб, и сега ќе вечерам со бијано сирење и пиперки, најубаво македонско јадење“, кажа еден прилепчанец.
Со еден збор, може да се каже дека Прилеп, можеби не е метропола, но пулсира во ритамот 24 часа дневно.
Дарко Штаргоски
