Франција

Mакрон: Предвремени избори единствениот пат напред

12.06.2024 13:27

Францускиот претседател Макрон ги повика умерените партии од левицата и десницата да се прегрупираат со цел да ја поразат крајната десница...

Францускиот претседател Макрон ги повика умерените партии од левицата и десницата да се прегрупираат со цел да ја поразат крајната десница на парламентарните избори.

Тој и се обрати на нацијата за прв пат откако го распушти парламентот и распиша предвремени парламентарни избори откако неговата партија претрпе тежок пораз на изборите за Европскиот парламент.

Гласањето ќе се одвива во два круга на 30 јуни и 7 јули.