Вардариште гори, жителите се гушат
Депонијата Вардариште запалена, загаденоста со ПМ честички како во најлошите зимски денови. Жителите на Аеродром се гушеа во токсичниот воздух...

Непријатна миризба и чад ги разбуди жителите на Општина Аеродром. Иако сме на прагот на летото со високи температури, тие затвораа прозорци зашто се задушуваа во токсичен воздух од депонијата Вардариште, каде што биле запалени гуми, смет и вегетација. Концентрациите на штетните ПМ честички бележеа вредности како во зима.
Екологистите бараат ригорозни казни и подигнување на свеста за заштитата на животната средина. На надлежните им забележуваат за недоволна ажурност.
Депонијата „Вардариште“ којашто се наоѓа крај Вардар во Маџари со години ги труе жителите на овој дел од градот, но решение сè уште нема.
Со несовесното палење на стрништата и на ѓубрето, не само што се загадува воздухот, туку се загадува и почвата неретко горат и шуми, а се случува да настрадаат и луѓе.
Александра Спировска
