Османи: Нема пристигнато реакција од Грција за неупотребата на уставното име
Нема пристигнато реакција од Грција за неупотребата на уставното име согласно Преспанскиот договор, потврди министерот за надворешни работи Османи. Додаде дека сепак Договорот од Преспа мора да се почитува и од новите функционери. Во Скопје се одржува Конференцијата на 13 земји – членки на процесот за соработка во југоисточна Европа и Регионалниот совет за соработка, на која присуствува и министерот за надворешни работи на Грција.

Лавината реакции во Грција за неупотребата на уставното име согласно со Преспанскиот договор од новоизбраните функционери била дел од внатрешната кампања за изборите за европските институции. Шефот на дипломатијата Османи откри дека е во постојана комуникација со Атина, но оттаму досега не пристигнала ниту една официјална реакција. Сепак, Османи вели дека Преспанскиот договор е реалност и мора да се почитува од идните функционери.
Министерот за надворешни работи Герапетритис ќе ја претставува Грција на Конференцијата на процесот за соработка во југоисточна Европа што се одржува во Скопје. Во земјава ќе допатуваат претставници на 13 земји-членки на процесот за соработка во југоисточна Европа и на Регионалниот совет за соработка. За време на македонското претседателство ќе биде назначен генерален секретар, а тројката, Црна Гора, Македонија и Албанија ќе ги претстават новите иницијативи.
Нема пристигнато реакција од Грција за неупотребата на уставното име согласно Преспанскиот договор, потврди министерот за надворешни работи Османи. Додаде дека сепак Договорот од Преспа мора да се почитува и од новите функционери. Во Скопје се одржува конференцијата на 13 земји – членки на процесот за соработка во југоисточна Европа и Регионалниот совет за соработка, на која присуствува и министерот за надворешни работи на Грција.
Ирина Гелевска
