Економија

План за економски раст на Западен Балкан

12.06.2024 14:56

Нетарифни бариери, дозволи, сертификати – многу пречки се исправени пред предизвикот за зголемување на трговската размена меѓу земјите од Западен Балкан. Многу малку извезуваме во регионов, иако соработката меѓу компаниите е клучна за да можат да се изборат со конкуренцијата на европскиот пазар. Стопанската комора повика да се искористат потенцијалите што ги нуди европскиот план за раст за Западен Балкан...

Регионот блокиран со еден куп бариери поради кои бизнисите наместо да се зајакнуваат, тапкаат во место. Бизнисмените од соседството, но и од Македонија, постојано укажуваат дека мора да се најде начин за побрз проток на стоки и на услугите. Една од можностите се т.н. зелени коридори.

Сега, меѓурегионалната трговија е само 14%, петпати помала од тргувањето со земјите од ЕУ и секој благ раст ќе биде добар исчекор кон евроинтеграцијата на шесте земји од регионот, велат стопанствениците.

За развој на економијата, Коморскиот инвестициски форум подготвува палета нови можности што ќе го олеснат тргувањето на малите и средни претпријатија од регионот, а една од новините е создавање регионална трговска марка со која ќе се извезува во ЕУ.

 

Борис Грујоски