Составот на владата во вторник во Собрание
Составот и програмата за работа на новата Влада во вторник ќе се најдат во Собранието пред пратениците. Викендов ќе заседаваат највисоките тела на ВМРО-ДПМНЕ за затворање на конечниот списокот со имињата. Мандатарот Мицкоски уверува дека реорганизацијата на државната управа ќе донесе помала администрација за стотици функционери...

Составот на новата Влада и програмата ќе бидат доставени до Собранието во вторник на 18-ти јуни. Претходно в недела, ВМРО-ДПМНЕ на Извршен и Централен комитет ќе ги потврди имињата на новите министри. Новата влада ќе има претставници на коалицијата „Твоја Македонија“, потоа „ВРЕДИ“ од каде што веќе ги објавија имињата на своите претставници, како и на партијата ЗНАМ на Димитриевски.
ДУИ во опозиција, 450 милиони евра инвестиција во енергетиката и реконструкција на Владата се трите први ветувања кои ги реализираме-вели Мицкоски. Тој ја уверува јавноста дека со реорганизацијата на државната управа, за којашто поддршка дадоа и пратеници на Европскиот фронт, ќе се намали бројот на функционери во администрацијата.
Откако стана извесно дека и актуелни градоначалници ќе станат министри, првиот човек на ЗЕЛС даде поддршка за предлогот што е во собраниска процедура, функцијата на градоначалниците кои ќе преминат во извршната власт да ја преземат нивните заменици.
Марина Стојанова-Тонева
