Здравство

Цел месец затворени сали на Хирургија, товарот паднат врз „8-ми Септември“ и „Свети Наум Охридски“

12.06.2024 15:19

Здравството е во хаос. Цел месец трае проблемот на Хируршките клиники. Засега, има само преодно решение со надворешни компресори во дел од салите, но, операции се одложуваат, листите на чекање се зголемуваат, а пациенти се препраќаат во Градската општа болница „8-ми Септември“ и во Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Таму вработените се под зголемен притисок...

Веќе еден месец здравствените работници во ГОБ „8-ми Септември“ и Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски го преземаат товарот за третман на пациентите, кои доаѓаат поради нефункционирањето на сите хируршки сали. Иако на минатонеделниот состанок, менаџерите добиле ветување дека ќе добијат кадар од клиниките во коишто не работат сите операциски сали, тоа не се случило.

На Клиника со компресори, надворешни и внатрешни се гасне пожарот, обемот на работа е околу една третина од порано. Службата којашто управува со компресорите испратила до Владата план за компресорскиот систем како да се замени со нов, но целата постапка ќе потрае. Поранешниот министер за здравство Таравари, кој потврди дека ќе биде старо-нов министер, вели дека во здравството има многу парадокси.

Таравари како прв чекор во здравството најави укинување на организациските директори и спојување на клиниките во комплексот Мајка Тереза.

 

 

Наташа Јанчиќ-Менковски