Ново рочиште за нападот врз Пендиков
Со распит на сведоци на Обвинителството, денеска во Охрид продолжи судскиот процес за случајот со Христијан Пендиков кој минатата година беше претепан на празникот „Водици“. Бранителот на обвинетите, но и за застапникот на Пендиков сведочењето на експертот по судска медицина на некој начин ја расчистува сликата за овој настан, меѓутоа имаат спротивставени мислења околу неговиот исказ …

Во Центарот на вниманието на денешното судско рочиште беше сведочењето на експертот по судска медицина Зоран Котевски, кој рече дека оштетениот Христијан Пендиков се здобил со три тешки телесни повреди и уште неколку полесни. Притоа тој посочи дека Пендиков можел да се лечи во македонските здравствени институции. Токму тоа според бранителот на обвинетите Илија Спасески и Борче Ангелов фрла друго светло врз овој настан.
„Даде мислење дека повредите кај оштетениот можеле сосема коректно и на највисоко ниво да се санираат во здравствениот систем на Република Македонија. Е баш тука сега излегува полека на видело мотивот зошто е така наткренат овој предмет“, изјави Димитрија Цобоски, застапник на обвинетите.
Застапникот на Пендиков пак рече дека неговото сведочење докажува дека повредите настанале од лице кое е физички подготвено и знае каде да ги зададе ударите.
„Несомнено, недвојбено од исказот на вештото лице произлезе дека повредите на Христијан Пендиков не можеле да настанат со еден удар, коешто значи дека не се настанати како резултат на некаков несреќен случај, некакво лизнување, паѓање и т.н.“, изјави Стефан Камишевски-застапник на Христијан Пендиков.
Судскиот процес продолжува на 10-ти септември со презентирање на докази на одбраната.
Сашо Нелоски
