мвр

Санкционирани 42 мотоцикли на подрачјето на СВР Тетово

12.06.2024 20:17

При контролата биле откриени и санкционирани 42 прекршоци (ТЕ-20 и ГВ-22), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 33 (ТЕ-16 и ГВ-17), потоа 5 (ТЕ-3 и ГВ-2) за управување без возачка дозвола и 3 (ГВ-3) со непродолжена осигурителна полиса, 1 (ТЕ) нерегистриран мотоцикл...

Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност на сообраќајот, вчера во периодот од 16:00 до 21:00 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 42 прекршоци (ТЕ-20 и ГВ-22), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 33 (ТЕ-16 и ГВ-17), потоа 5 (ТЕ-3 и ГВ-2) за управување без возачка дозвола и 3 (ГВ-3) со непродолжена осигурителна полиса, 1 (ТЕ) нерегистриран мотоцикл.

Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци, а при контролата биле констатирани и санкционирани 7 (ТЕ-1 и ГВ-6) останати сообраќајни прекршоци, информираат од МВР.