колумна
Заев и Ципрас повикаа да се почитува Преспанскиот договор
12.06.2024 21:49
Почитувањето на Преспанскиот договор е единствениот пат на земјава до Европската унија, сметаат Заев и Ципрас...

Поранешните премиери Заев и Ципрас во заедничката колумна за „Еуроактив“ ја повикаа Европската унија и Меѓународната заедница јасно да стават до знаење оти почитувањето на Преспанскиот договор е единствениот пат на земјава до Европската унија.
И Заев и Ципрас сметаат дека новото раководство во Скопје го крши духот и словото на Преспанскиот договор. Според нив, тоа може да го дестабилизира регионот и да ја доведе до прашање иднината на земјата.
