Владин тим предводен од Груевски во економска посета на Јапонија, Кина и Кореја

29.06.2014 18:49

Делегацијата и премиерот Груевски ќе имаат и средби со менаџерски тимови на компании кои се заинтересирани за инвестиции во Македонија...

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, од утре, во текот на следните денови е престојува во повеќе држави од азискиот континент, Царството Јапонија, Република Кореја и Народна Република Кина.
 
Премиерот Груевски ќе ја предводи владината делегација во чиј состав се и заменик претседателот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставрески, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо и владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.
 
Како што соопшти денеска владината прес-служба, во рамки на посетата премиерот Груевски и делегацијата на Владата ќе остварат политички средби со претставници на овие држави, региони и области, ќе присуствуваат и ќе се обратат на бизнис форуми организирани од Фајненшл Тајмс за презентација на поволностите кои нашата земја ги овозможува за реализација на странски инвестиции, а ќе остварат и посета на болници во функција на засновање на соработка во здравството.
 
Делегацијата и премиерот Груевски ќе имаат и средби со менаџерски тимови на компании кои се заинтересирани за инвестиции во Македонија или пак имаат донесено одлуки за инвестиции, како и со претставници на економски субјекти со кои нашата земја остварува соработк