Сончево и многу топло
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Во ноќните часови кон петок ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната од 29 до 38 степени. UV=8.
Во Скопје во текот на денот ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
