Расте бројот на жртви по руските напади врз Криви Рог
Москва тврди дека извршила масовен напад врз украинскиот воен аеродром, одбраната на Киев пак, дека погодила три руски ракетни системи на Крим. Во истовреме, бродови на руската морнарица се закотвија во Хавана под будното око на Вашингтон...

Расте бројот на жртви по руските напади врз Криви Рог-соопшти украинското обвинителство. Москва тврди дека извршила масовен напад врз украинскиот воен аеродром, одбраната на Киев пак, дека погодила три руски ракетни системи на Крим. Во истовреме, бродови на руската морнарица се закотвија во Хавана под будното око на Вашингтон. И Куба и САД велат дека Москва демонстрира сила поради војната во Украина. Надвор од фронтот, во Италија почнува самитот на Г7. Украина е на врвот на агендата.
Се очекува Британија да ја објави помошта од 310 милиони долари за Киев. На маргините на самитот Бајден и Зеленски ќе потпишат безбедносен договор со цел да испратат сигнал до Русија за американската решителност да го поддржи Киев, соопшти Белата куќа. Во меѓувреме САД воведоа нови санкции за Русија на што реагираше Москва велејќи дека агресивните акции на САД нема да поминат без одговор.
„Сакаме да покажеме дека САД го поддржуваат народот на Украина, дека стоиме со нив и ќе продолжиме да помагаме во решавањето на нивните безбедносни потреби. овој договор ќе ја покаже нашата решителност“, изајви Џејк Саливан - советник за национална безбедност во Белата куќа
