Седница за избор на потпрецедатели и основање на работни тела
На дневен ред на оваа седница е Предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието...

Попладне во Собранието трета седница на новиот парламентарен состав. На дневен ред предлог-одлуките за утврдување на бројот на потпретседатели и за основање на постојани работни тела на законодавниот дом.
Со одлуката, Собранието има 5 заменици. Според информациите, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од „Знам“ ќе бидат заменици на спикерот Гаши. Според договорот се планира да бидат избрани на денешната пленарка.
Милошоски беше потпретседател на Собранието кога спикер беше Трајко Вељаноски, Јован Митрески пак, пред Африм Гаши, кога Талат Џафери беше избран за технички премиер. Весна Бендевска, потпретседателка на „Знам“, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ беше претседателка на комисијата за антидискриминација.
