Аргентина

Бојно поле на улиците во Буенос Аирес

13.06.2024 08:44

Аргентинската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите пред зградата на Конгресот во Буенос Аирес...

Аргентинската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите пред зградата на Конгресот во Буенос Аирес, откако пратениците во Сенатот првично ги одобрија реформите на претседателот Хавиер Мајли.

Пакетот реформи, предложен од десничарскиот претседател за заживување на болната економија во земјата, вклучува прогласување вонредна состојба, кратење на пензиите и либерализација на пазарот на труд, што според многумина е најава за ерозијата на работничките права.

На мерките се спротивставуваат левичарските политички партии, синдикатите и општествените организации. Демонстрантите велат дека мерките ќе им наштетат на милиони Аргентинци бидејќи предвидуваат кратења на буџетот и социјалните бенефиции.