Ирак
Огромен пожар избувна во нафтена рафинерија во Ирак
13.06.2024 08:46
Огромен пожар избувна во нафтена рафинерија во предградието на Ербил во полуавтономниот курдски регион во Ирак...

Огромен пожар избувна во нафтена рафинерија во предградието на Ербил во полуавтономниот курдски регион во Ирак. Се запалиле неколку резервоари за складирање со сурова нафта и течен асфалт.
Десетици противпожарни екипи се борат со огнената стихија којашто сè уште не е ставена под контрола. Засега нема информации за жртви, бидејќи по пожарот рафинеријата била веднаш евакуирана.
