Продолжува опасноста од болести кај земјоделските култури
30.06.2014 10:23
Според прогнозите од Управата за хидрометеоролошки работи следува период на сончево и топло време со умерена облачност. Ова значи дека и покрај подоброто време останува опасноста од болести кај земјоделските култури...

Високата температура со релативна поголема влажност на воздухот и натаму ќе бидат проблем со ширењето на болестите кај земјоделските култури, особено пламеница и пепелница.
Со ваквите климатски услови заштитата на сопственото производство е најважна за земјоделците.
Со повременото нестабилно време и врнежите, според агрометеорологот Ангелко Ангелески исто така е можно и прекинување или одложување на жетвата која е во тек.
Штетите од ваквите временски услови веќе се појавени особено кај оние површини со пченица кои ги чекаат жетвените активности.
Методија Трајков
