УНИЦЕФ ги повика талибанците да им дозволат на девојчињата да се вратат на училиште
Одбележувајќи илјада дена откако на девојчињата во Авганистан им беше забрането да одат на училиште, агенцијата за деца на ОН, УНИЦЕФ ги повика талибанците да им дозволат на девојчињата...

Одбележувајќи илјада дена откако на девојчињата во Авганистан им беше забрането да одат на училиште, агенцијата за деца на ОН, УНИЦЕФ ги повика талибанците да им дозволат на девојчињата да се вратат на училиште.
Во август 2021 година, талибанците им забранија на девојчињата и жените да го продолжат своето образование надвор од основното училиште.
Кетрин Расел, директорката на УНИЦЕФ апелираше до талибанците да им дозволат на девојчињата да се вратат на училиште, истакнувајќи дека ниту една земја не може да напредува ако половина од населението е необразовано.
