Министрите за одбрана на НАТО ќе разговараат за обезбедување долгорочна помош за Украина
Во Брисел дводневен состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО со надеж дека ќе постигнат договор за нов план за обезбедување долгорочна безбедносна помош и воена обука за Украина...

Во Брисел дводневен состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО со надеж дека ќе постигнат договор за нов план за обезбедување долгорочна безбедносна помош и воена обука за Украина, откако Унгарија вети дека нема да стави вето, сè додека не принудена да учествува.
Разговорите во Брисел претходат на претстојниот самит на НАТО во Вашингтон во јули каде што се очекува лидерите да објават финансиската поддршка за Киев. Во рамки на состанокот сојузниците ќе разговараат за тековното прилагодување на нуклеарните капацитети на сегашната безбедносна средина.
„Очекувам дека министрите на НАТО ќе договорат план за безбедносна помош и обука на НАТО за Украина. Ќе разговараме за долгорочно финансиско ветување за кое очекувам нашите лидери да се договорат на самитот на НАТО во јули. Украина има право на самоодбрана, а правото на самоодбрана вклучува и удирање легитимни воени цели на територијата на агресорот. самоодбраната не е ескалација, а ние имаме право да и помогнеме на Украина да го одржи тоа право“, изјави Јенс Столтенберг - генерален секретар на НАТО.
