УНХЦР

УНХЦР: Бројот на присилно раселени лица бележи рекорди

13.06.2024 12:48

УНХЦР предупредува да нема апатија и недејствување среде најголемото присилно раселување. Вкупните бројки се искачија до 120 милиони до мај годинава...

УНХЦР предупредува да нема апатија и недејствување среде најголемото присилно раселување. Вкупните бројки се искачија до 120 милиони до мај годинава. Според годишниот извештај за глобалните трендови, клучна публикација на УНХЦР и Aгенцијата на Oбединетите нации за бегалци, присилното раселување се искачи на највисоко ниво во светот-на 120 милиони до мај годинава.

УНРВА проценува дека до крајот на минатата година, до 1,7 милиони лица, односно 75 насто од популацијата беше раселена во Појасот Газа како резултат на конфликтот.

УНХЦР останува цврсто посветен на својата заложба да обезбедува нови пристапи и решенија за да им помогне на лицата кои се присилени да избегаат од своите домови, каде и да се.