Топло време

Прилеп: Учениците со скратени часови, Итната медицинска помош со повеќе работа

13.06.2024 13:06

Учениците во основните училишта учебната година ќе ја завршат со скратени часови поради топлотниот бран. За родителите одлуката е разумна и сметаат нема да се пропушти програмата. Итната помош за 50 насто ги зголемила интервенциите...

Жешкото време не натера сите на внимателност. Основците веќе се со скратени часови.

Наставниците имаат посебни насоки. Одлуката е превентивна и разумна.

За 50-тина насто се зголемени интервенциите во итната помош.

И за млади и за возрасни, остануваат препораките на лекарите: повеќе течности, да се избегнува периодот од 11 до 17 часот и хроничните болни редовно да ја земаат терапијата.

 

Елизабета Митреска