Украина на врвот на агендата на самитот на Г7 во Италија
Во Италија почнува самитот на Г7. Италијанската премиерка Мелони рече дека локацијата на самитот во јужниот дел на италијанскиот регион Пуља, е порака дека седумте водечки демократии сакаат „да го зајакнат дијалогот со нациите на глобалниот југ...

Во Италија почнува самитот на Г7. Украина на врвот на агендата. На маргините на самитот Бајден и Зеленски ќе потпишат безбедносен договор со цел да испратат сигнал до Русија за американската решителност да го поддржи Киев. САД воведе нови санкции за Русија. Москва рече дека агресивните акции на САД, нема да поминат без одговор. Италијанската премиерка Мелони рече дека локацијата на самитот во јужниот дел на италијанскиот регион Пуља, е порака дека седумте водечки демократии сакаат „да го зајакнат дијалогот со нациите на глобалниот југ. Инаку, лидерите на седумте најразвиени земји во светот се согласија да и дадат на Украина 50 милијарди долари преку користење на замрзнати руски средства до крајот на годината.
„Ќе зборуваме за актуелната криза почнувајќи од Украина и Блискиот Исток. Ќе почнеме од работата на јапонската Г7 за создавање цврсти и контролирани синџири на снабдување. Ќе разговараме за она што е веројатно најкомплексниот предизвик на нашето време, доаѓањето на вештачката интелигенција“, изјави Џорџа Мелони, премиерка на Италија.
„Сакаме да покажеме дека сад го поддржуваат народот на Украина, дека стоиме со нив и ќе продолжиме да помагаме во решавањето на нивните безбедносни потреби. Овој договор ќе ја покаже нашата решителност“, изјави Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа.
