Поднесени приговори за обвинението за осомничените за убиството на Вања и Панче
Двајца адвокати поднесоа приговори за обвинението за осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Течат роковите и за другите двајца адвокати.

Двајца адвокати поднесоа приговори за обвинението за осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.
Течат роковите и за другите двајца адвокати. Со ова се намалува можноста да се одобри обвинението оваа недела.
За Палевски истрагата сè уште не е завршена, бидејќи пет месеци беше во екстрадициски притвор во Турција.
Адвокатот на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка, Владимир Туфегџиќ, изјави дека нема докази дека Ѓорчевски го сторил кривичното дело кое му се става на товар. Туфегџиќ бара јавна седница на Советот.
