Здравство

Се заканува ли во струшко опасност од епидемија на морбили по првиот потврден случај?

13.06.2024 17:48

Првиот случај на морбили во земјава го вклучи алармот. Комисијата за заштита од заразни болести ја следи состојбата. Матичните апелираат – родителите да ги однесат децата на имунизација.Не стивнува ниту големата кашлица. Минатата недела регистрирано е зголемување на бројот на заразени …

Првиот случај на морбили во земјава го вклучи алармот на надлежните. Комисијата за заштита од заразни болести ја следи состојбата откако во охридско Лабуништа беше регистриран првиот случај. Велат, имале состанок на кој било анализирано дали има и минимален ризик заразната болест да се прелее.

„Комисијата за заразни болести ја разгледа состојбата со случајот на морбили во Лабуништа, струшко. Пет до шест деца не се вакцинирани во тој регион. Детето не било во градинка, веројатноста дека има раширено е минимална“, изјави д-р Злате Мехмедовиќ – портпарол на Комисијата за заразни заболувања.

Матичните апелираат до родителите да ги однесат децата на имунизација, последиците од морбилите остануваат за цел живот.

Додека не демне опасност од морбили не стивнува ниту големата кашлица. Минатата недела регистрирано е зголемување на бројот на заразени, лекарите велат тоа е резултат на поголема раздвиженост на невакцинираното население кое сега служи како база и од кое се инфицираат и другите новодетектираните случаи.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски