Во Скопје Самит на шефови на држави и влади и министерски состанок на ПСЈИЕ
Во Скопје министерски состанок и Самит на шефови на држави и влади од Процесот за соработка на Југоисточна Европа. Османи со порака – Владата којашто доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува …
Целосно почитување на Преспанскиот договор од двете страни, било во фокусот на средбата на шефот на дипломатијата Османи со заменик-министерката за надворешни работи на Грција, Александра Пападопуло и телефонскиот разговор со грчкиот колега Герапетритис на маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Дипломатите се согласиле дека Преспанскиот договор е многу повеќе од само договор за името, туку е договор за стратешко партнерство. Разговарале и за другите обврски согласно со договорот што треба да се исполнат од двете страни.
Завршување на евроинтеграцијата ќе биде во фокусот на Албанија која го презема претседателството со Процесот за соработка во Југоисточна Европа во наредната година.
На крајот од македонското претседателство со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, 13-те земји членки назначија генерален секретар и се заложија за продолжување на Процесот како форум за дијалог, решавање на отворени прашања, добрососедски односи и поддршка на евроатлантската интеграција.
Ирина Гелевска
