Денеска пресуда за „Монструм“

30.06.2014 10:42

Иако пресудата за случајот „Монструм“ требаше да биде донесена уште минатата недела, изрекувањето се одложи, поради болест на главниот судија Ивица Стефановски...

Во Kривичниот суд, денеска во 11 часот ќе биде изречена пресудата за петкратното убиство кај Смиљковското езеро.

Иако пресудата за случајот „Монструм“ требаше да биде донесена уште минатата недела, изрекувањето се одложи, поради болест на главниот судија Ивица Стефановски.

Седумте обвинети во случајот, се соочуваат со казни затвор од 10 години, до доживотен, поради обвиненија за тероризам.

Двајца од нив, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, пресудата ќе ја дочекаат во затвор во Косово, каде што беа осудени за недозволено поседување оружје, и за кои е поднесено барање за екстрадиција, но, засега нема одговор од Приштина.

Убиените беа егзекутирани на 12 април, велики четврток пред две години.