Самит на ПСЈИЕ
Самит на шефови на држави и влади во рамките на ПСИЈЕ
13.06.2024 19:52
Домаќин претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Порача наместо да се блокираме, да соработуваме и да се поддржуваме...

Во Скопје, Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа. Домаќин претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Порача наместо да се блокираме, да соработуваме и да се поддржуваме. Очите на јавноста беа вперени во можната средба на Сиљановска-Давкова со шефот на грчката дипломатија Герапетритис кој по острите пораки од Атина за почитување на Преспанскиот договор дојде во земјава.
Известува Викторија Милевска.
