Политика

БЕСА ги избра кандидатите за министри во новата Влада

14.06.2024 09:04

Собранието на движењето БЕСА на синоќешниот состанок едногласно ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада...

Собранието на движењето БЕСА на синоќешниот состанок едногласно ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада. Фатмир Лимани ќе биде кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши за економија и труд, а Седат Сулејмани е кандидат за заменик-министер за култура и туризам.

В недела извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги потврди кандидатите за министри и заменици, а мандатарот Мицкоски, на 18-ти јуни новиот владин состав и програмата ќе ги достави до Собранието.