Премиерот Груевски со економски тим во Јапонија, Јужна Кореја и Кина

30.06.2014 10:54

Според програмата, денеска Груевски и делегацијата се во Јапонија, на средби со принцот Нарухито и со премиерот Шинзо Абе, со посета и на болницата „Токио Џенерал“...

Претседателот на владата на Република Македонија, Никола Груевски, од денеска е во посета на повеќе држави од азискиот континент.

Премиерот Груевски ја предводи владината делегација, во чиј состав се и заменик претседателот на владата и министер за финансии, Зоран Ставрески, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошко- индустриски развојни зони, Виктор Мизо, и портпаролот на владата, Александар Георѓиев.

Според програмата, денеска Груевски и делегацијата се во Јапонија, на средби со принцот Нарухито и со премиерот Шинзо Абе, со посета и на болницата „Токио Џенерал“.

По Јапонија, бизнис и политичките средби, продолжувуваат во Јужна Кореја и во Хонг Конг. Во Кина е планирана средба со извршниот борд на компанијата Веибо, која ќе инвестира во североисточна Македонија и ќе отвори 5 илјади работни места.

Бизнис форумите на азиското роуд шоу се организирани од „Фајненшл тајмс“.