Се интензивираа борбите меѓу Израел и Хезболах
Ескалира ситуацијата на Израелско-Либанската граница. Повредени се неколку лица при најновиот напад на Хезболах со околу 40 ракети врз Галилеја и Голанската висорамнина во Израел...

Ескалира ситуацијата на Израелско-Либанската граница. Повредени се неколку лица при најновиот напад на Хезболах со околу 40 ракети врз Галилеја и Голанската висорамнина во Израел. Тел Авив го возврати ударот. Судири и на Западниот Брег, загинати тројца Палестинци. Во истовреме, офанзивата во Газа продолжува. Турција ги повика членките на Советот за безбедност на ООН и САД да извршат поголем притисок врз Израел да го прекине огнот. Американскиот претседател Бајден не е оптимист дека договорот за примирје наскоро ќе биде потпишан, иако напорите на САД продолжуваат.
„Многу е тешко да се постигне таа дипломатска резолуција додека има тековен конфликт во Газа, а видовме дека Хезболах продолжува да презема навистина агресивни напади преку границата. Ситуацијата останува исклучително загрижувачка, но повторно, прекинот на огнот во Газа ќе биде најдобриот начин во нашата проценка да се унапреди значајна резолуција“, изјави Метју Милер, Стејт департмент на САД.
