САД

Поради поплави на Флорида прогласена вонредна состојба

14.06.2024 09:15

Властите во Флорида прогласија вонредна состојба во пет јужни окрузи на американската сојузна држава, откако обилните дождови ја поплавија областа каде што живеат повеќе од осум милиони луѓе...

Властите во Флорида прогласија вонредна состојба во пет јужни окрузи на американската сојузна држава, откако обилните дождови ја поплавија областа каде што живеат повеќе од осум милиони луѓе.

Поради невремето голем број летови беа откажани на меѓународниот аеродром во Мајами и Холивуд. Отежнат авиосообраќај се очекува до крајот на неделава.

Метеоролозите не очекуваат невремето да премине во тропска бура, но прогнозите укажуваат дека следната сезона ќе има зголемен број урагани.