Македонија

Двојно убиство во Кратово, 36-годишна жена со нож ги усмртила сопругот и свекорот

14.06.2024 09:16

Обвинител и полицијата извршиле увид, по што телата се предадени на обдукција...

Доцна синоќа двојно убиство во Кратово. Приведена е 37-годишна жена. Според првичните информации, жената со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг и свекор, во семејната куќа во Кратово, кои починале од здобиените повреди.

Обвинител и полицијата извршиле увид, по што телата се предадени на обдукција. Се утврдува мотивот за двојното убиство, а истрагата обезбедува докази за злосторството и го утврдува начинот како е извршено.

Причината за убиството сè уште не е познато, но се верува дека била семејна кавга.