Скопје

Без струја делови од Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Студеничани

14.06.2024 10:10

Корисниците од ул. „Македонија“и делови од Карпош, Ѓорче Петров, Студеничани денеска ќе бидат без струја, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија А.Д.

Од 8 до 15 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Македонија“ – зградата на „Вардар технометал“, хотелот „Турист“, ЈП за државни патишта, зградата ВМРО и околината во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија А.Д.

Од 9 до 15 часот електрична енергија ќе немаат и корисниците од селата Орман и Никиштани во општина Ѓорче Петров, од 9 до 10 часот – корисниците од зграда на ул. „Соле Стојчев“ бр. 5, спроти Гранап, во општина Карпош и од 7.30 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од село Батинци во општина Студеничани.