Проектот за возобнова на Светиклиментовиот Универзитет на Плаошник ќе претрпи промена
Ниту имало најави, ниту Охрид може да го изгуби статусот на град под заштита на УНЕСКО поради возобновувањето на Светиклиментовиот Универзитет на Плаошник, бидеќи се што се гради на овој локалитет се следи будно од експертите на унеско. Ова при денешната посета на охридските културно-историски споменици го рече министерката за култура Eлизабета Kанческа Mилевска...

Наместо 13 објекти, како што се предвидуваше со првичниот проект на локалитетот Плаошник, каде што се возобновува Светиклиментовиот Универзитет ќе бидат изградени шест, со еден кат пониско од предвиденото.
Ги следевме препораките на УНЕСКО, но и претходно се размислуваше за намалување на катноста и на бројот на објектите, рече министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска.
Никогаш не станало збор за бришење на Охрид од Списокот на УНЕСКО поради градежните активности на овој локалитет.
„Сите овие објекти, сите шест што ги споменав, во рамките на овие три комплекси се градат врз основа на темели кои што се откриени. Така што се е согласно со сите законски, светски, меѓународни и европски процедури и по доаѓањето на мисијата на УНЕСКО ги споделивме дилемите што ги имавме“, реле министерката за култура, Елизабета Канчевска- Милевска.
На фасадите на објектите ќе бидат испреплетени црковната и староградската архитектура.
„Со новите измени добивме една комплексна слика на еден амбиент кој кога ќе се возобнови ќе биде за почитување“, вели Тања Бунташевска, Директор на Завод и Музеј-Охрид.
Во трите комплекси ќе бидат сместени резиденцијалниот дел, манастирскиот конак, Богословскиот факултет, библиотека, музеј и Центарот за хуманистички науки.
Сашо Нелоски
