Скопје

Скопје утрово го погоди краткотрајно силно невреме

14.06.2024 10:16

Скопје рано утрово беше погодено од краткотрајно силно невреме проследено со обилен дожд и наместа со град. За кратко време паднаа поголеми количини за вода но нема информации за причинета материјална штета...

Скопје рано утрово беше погодено од краткотрајно силно невреме проследено со обилен дожд и наместа со град. За кратко време паднаа поголеми количини за вода но нема информации за причинета материјална штета.

Денеска во главниот град се очекува променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на краткотрајно невреме.

Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува ведро време.