Спасено мече заглавено на дрво во Маврови Анови
Случајот бил пријавен утрово во 7 часот и 35 минути на Единствениот број за итни случаи 112, соопшти Центарот за управување со кризи...

Ослободено е мече, кое било заглавено во гранки на дрво во двор на викендичка во Маврови Анови. Случајот бил пријавен утрово во 7 часот и 35 минути на Единствениот број за итни случаи 112, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги известил Националниот парк „Маврово“ и МВР.
– Ренџерски тим од НП „Маврово“ веднаш се упатил кон заглавеното мече, а истовремено со нив пристигнала и патрола на МВР од ПО Маврово заради обезбедување на местото на настанот. Неколку бездомни кучиња агресивно лаеле по исплашеното мече кое најверојатно од страв се качило на дрвото и се скрило во гранките. Откако ренџерите ги избркале кучињата, мечето само се симнало од дрвото и отрчало кон блиската шума, се наведува во соопштението од ЦУК.
