Скопје

Средба Герапетритис-Фидан на маргините на Самитот на ПСЈИЕ во Скопје

14.06.2024 12:12

На маргините на Самитот на процесот за соработка во Југоисточна Европа, средба оствариле министрите за надворешни работи на Грција и Турција Јоргос Герапетритис и Хакан Фидан...

На маргините на Самитот на процесот за соработка во Југоисточна Европа, средба оствариле министрите за надворешни работи на Грција и Турција Јоргос Герапетритис и Хакан Фидан.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на 20-минутната средба разговарале за ситуацијата на Блискиот Исток, за примирје во Газа, за ситуацијата во Украина како и за билатералните прашања.

Се фокусирале на соработката на двете страни во миграцијата, и за издавање туристички визи за турски државјани на десет грчки острови.

Според новинската агенција, на Самитот во Вашингтон идниот месец можна е нова тет-а-тет средба на премиерот на Грција, Мицотакис и претседателот на Турција Ердоган.

Инаку Мицотакис направи реконструкција на Владата, но шеф на дипломатијата останува Герапетритис.