Македонија

Условни казни за упадот во М-НАВ

14.06.2024 12:48

Седумте лица кои упаднаа во „Македонски навигации“ за да се пресметуваат со членови на синдикатот на Контролата на летови и ја загрозија безбедноста на авиосообраќајот на македонското небо, добија условни казни од Кривичниот суд, објави Обвинителството...

Седумте лица кои упаднаа во „Македонски навигации“ за да се пресметуваат со членови на синдикатот на Контролата на летови и ја загрозија безбедноста на авиосообраќајот на македонското небо, добија условни казни од Кривичниот суд, објави Обвинителството.

Од доказниот материјал на Обвинителството, Кривичниот суд констатирал дека тие не посочуваат дека во времето на извршување на дејствијата на обвинетите имало опасност и била загрозена безбедноста на воздушниот сообраќај.

Инцидентот се случи на 4-ти јануари во просториите на М-НАВ, на Меѓународниот аеродром Скопје. До тепање на вработените дојде затоа што тие како професионалци дадоа отпор на партиски и нестручни вработувања.

Според Обвинителството, нападнато било само едно службено лице, кој наводно добил само една шлаканица.