Управувањето со отпад - приоритетна европска задача

30.06.2014 11:52

Систематското управување со комуналниот неопасен цврст отпад - една од приоритетните европски задачи за Македонија во наредните години...

Македонија во следниве неколку години има обврска да создаде услови за комплетно систематско управување со комуналниот неопасен цврст отпад.  Имплементацијата на примарната фаза веќе е започната. Привилигијата за правилно селектирање на ваквиот отпад засега главно ја имаат оние што живеат во колективните станбени објекти. Велат, ефект има, но сеуште навиките тешко се менуваат.

„Нашиот народ е конзервативен и малку потешко се доаѓа до висок степен на ефективност. Едноставно тешко се менуваат навиките, но во секој случај селектирањето на отпадот е позитивна работа“, вели битолчанецот Петар Костовски.

„Некои веднаш ја сфатија поентата, но сеуште има такви кои отпадот го оставаат пред кантите или вршат неадекватна селекција“, вели неговиот сограѓанин Јани Даевски.

Во некои општини преку пилот проекти соодветни контејнери се поставуваат и во руларните средини. Очкувањата се догодина, во секундарната фаза да никне и првата регионална адекватна депонија со што ќе се создават услови за правилно менаџирање на овој вид отпад.

„Отпадот станува еден од најважните ресурси. Согласно со начелото на одржлив развој ние мораме да управуваме квалитено, затоа што бенефитот е многу голем како од финансиски така и од еколошки аспект“, вели директорот на битолското КЈП „Комуналец“, Зоран Соклевски.

Количините што ги продуцираме не се за потценување.

На годишно ниво во Македонија се собираат околу 570 илјади тони отпад. Во тие количини амбалажираниот отпад учествува со 60 до 100 илјади тони.

Ако на ова се додаде и она што го земаат нелегалните собирачи, ралните количини се далеку поголеми.

 

Стевче Митревски