Градските болници преоптеретени, медицинскиот кадар „прегрева“
Хируршки клиники на апарати за дишење. Најголемиот товар е на двете градски болници, кои во овој период поради одмори работат деноноќно. Немаат ниту доволно кадар...

На ургентни пациенти им се комплицира здравствената состојба барајќи го спасот по здравствените установи. Медицинскиот персонал во ГОБ „8 Септември“ и во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ сè почесто гледаат вакви случаи.
А, здравствените работници кои еден месец имаат неколкукратно зголемен обем на работа, никако да добијат помош од Клиничкиот центар, од одделенијата што во моментов не работат. Надлежните не им излегоа во пресрет, велат од Сојузот на медицински сестри.
Од Министерството за здравство не ни одговорија, дали и кога овие две установи ќе добијат плус – кадар.
Наташа Јанчиќ – Менковски
