Борби меѓу украинската војска и сепаратистите во Доњецк

30.06.2014 12:01

Министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков наредил да се разнесе склад за муниција на украинската Национална гарда во Доњецк, соопшти ИТАР-ТАСС. Засега нема информации за евентуални жртви. 

Експлозијата се случила при обидот на сепаратистите да упаднат во складот за да не стигнат до оружјето и муницијата.

Додека германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд разговарале со претседателите на Русија и на Украина Путин и Порошенко, во Киев беше одржан протест за прекин на огнот и поголема безбедност на војниците.

Незадоволството од двете страни се зголемува. Во меѓувреме, почина камерманот Анатолиј Клијан од руската државна телевизија кој беше повреден во близина на украинска база во Доњецк.