Анализа

Десницата лидер во Европа

14.06.2024 14:37

Нови влади освен кај нас, се подготвуваат во многу земји во Европа. Но едно е сигурно, десницата води на речиси сите избори. Почнувајќи од Европскиот парламент, каде на изборите освоија 181 место...

Напредокот на десницата во Европскиот парламент нема да претставува неверојатна опасност по процесот на проширувањето бидејќи тоа го водат и самите земји кандидати на ЕУ и комисијата на чело со комесарот, вели за Македонската телевизија директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска. Според неа клучните сигнали за државите кои се во пристапниот процес ќе дојдат во програмата на Европската комисија, по изборите во Франција и од организираноста на Директоратот за проширување.

За Кацарска изборните резултати и вртењето кон десно на Европскиот парламент не беа изненадувачки имајќи ги предвид анкетите. Смета дека треба се види во која насока ќе одат новите парламентарци кои имаат екстремни ставови, но тоа смета Кацарска сепак нема да го загрози демократскиот капацитет на Европа бидејќи тој зависи и од државите членки.

На европските избори гласачите ги казнија владите на Париз и Берлин. Францускиот претседател веднаш распиша избори, канцеларот Шолц не размислува во таа насока. Кацарска смета дека овие избори ќе бидат од големо значење за Македонија.

 

Викторија Милевска