Кратово

Двојно убиство во Кратово

14.06.2024 14:42

Двојно убиство во малата општина од североистокот, Кратово. Возрасна жена го убила сопругот и неговиот татко. Семејството и претходно и било познато на полицијата. Телата на починатите се предадени на обдукција. Се работи на расчистување на случајот...

Двојно убиство во малата општина во североистокот, Кратово. Триесет и шестгодишна кратовчанка си го убила сопругот и неговиот татко. Настанот се случил доцна синоќа во семејната куќа, најверојатно по расправија. Според информациите од полицијата жената со остар предмет ги нападнала двете лица, кои од здобиените повреди починале. Жената е приведена и задржана во полициска станица.

Ова семејство веќе и било познато на полицијата.

Жената во неколку наврати пријавувала напади од различни членови на семејството. Во 2019-та сопругот добил кривична за загрозување на сигурноста.

Жителите на Кратово вознемирени од настанов. За македонската телевизија велат не помнат дека во нивниот мирен град се случил ваков настан. И тие потврдуваат дека семејството имало расправии.

Семејството има две малолетни деца, но не е познато дали за време на настанот биле во домот. Јавен обвинител изврши увид на местото на настанот. Телата на починатите се предадени на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Елена Георгиевска