Депонија

Сè поголем стравот кај надлежните од пожари на отворено

14.06.2024 15:16

Кога наближува летото, сè поголем станува стравот кај надлежните од пожари на отворено. Но, како што се докажало во минатото, единствено виновен за тоа е човекот. Инспекторатот за животна средина ги повика земјоделците да не ги палат стрништа, а останатите граѓани дивите депонии...

Mини диви депонии никнуваат во речиси секое населено место. Потребна е поголема ажурност на инспекторите на општините и заедниците на локалната самоуправа. Сериозен проблем се и комуналните депонии со кои стопанисуваат јавните претпријатија. Од животна средина велат дека работат со преполовен кадар. Не постигнуваат да ги фатат сите загадувачи.

Од Инспекторатот апелираат и до земјоделците да не ги палат стрништата. Секоја година во летниот период, земјава се соочува со голем број пожари. Оваа лоша практика мора да спречи, велат инспекторите.

За депониите не се надлежни само инспекторите. Потребна е поголема вклученост на полицијата, комуналните редари, јавните комунални претпријатија, вели Блинков. Потсетува дека Државниот инспекторат има големи финансиски проблеми и недостиг од човечки ресурси.

 

 

Александра Спировска