Македонија

Средба Гаши - Пападопулу

14.06.2024 17:54

Претседателот на Собранието, Африм Гаши се сретна со заменик-министерката за надворешни работи на република Грција, Александра Пападопулу, со која разменија мислења за јакнење на соработката...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши се сретна со заменик-министерката за надворешни работи на република Грција, Александра Пападопулу, со која разменија мислења за јакнење на соработката и дијалогот меѓу двете земји на сите полиња. Тој се заблагодарил за поддршката од Грција за процесот на евроинтеграција на земјава, по зачленувањето во НАТО, што е резултат, како што рекол, на постигнувањето на Преспанскиот договор.

Заменик-министерката му го честиташе на претседателот Гаши изборот на функцијата, при што порача дека Македонија има искрен пријател во Грција.

Тоа, рече Пападопулу, е пораката што ви ја носам од целото лидерство на Грција – дека ние сме пријатели, соседи, сојузници, партнери во НАТО, а еден ден ќе бидеме и партнери и во ЕУ, се вели во соопштението од Собранието. Гаши заклучил дека двете земји се на мошне добар пат во унапредувањето на билатералните односи.