Почна годишниот аџилак во Мека
Денеска почна годишниот аџилак во Мека, каде се собраа повеќе од милион и пол муслимански верници...

Денеска почна годишниот аџилак во Мека, каде се собраа повеќе од милион и пол муслимански верници кои во екот на војната во Газа порачаа дека се молат за жителите на палестинската територија. Собрани во Големата џамија во Мека, аџиите денес по ритуалното обиколување седум пати околу Каба, ќе се упатат во неколку километри оддалечената Мина, каде ќе преноќат во шатори.
На планината Арафат аџиите заминуваат на еднодневно бдеење, потоа во Муздалифа, карпестата рамнина оддалечена неколку километри.
Додека трае војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа, многу аџии кажале дека се молат за палестинските територии, бомбардирани и опколени повеќе од осум месеци.
Еден од најголемите светски собири, аџилакот во Мека е еден од петте столбови на исламот.
