Зголемен бројот на нови случаи на голема кашлица, шест се хоспитализирани
Пријавени се 47 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 23,7 отсто, споредено со претходниот седмодневен период. Од новите случаи, шест се хоспитализирани...

Пријавени се 47 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 23,7 отсто, споредено со претходниот седмодневен период. Од новите случаи, шест се хоспитализирани, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Заклучно со 13-ти јуни, во Македонија се регистрирани вкупно 746 случаи на голема кашлица. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 36, а другите случаи се од Тетово, Куманово, Прилеп, Охрид и Крива Паланка. Од ИЈЗ наведуваат дека во тек се две епидемии, пријавени во ниво на територијата на Скопје и на Куманово. Најголем број заболени припаѓаат на возрасната група до четири години.
